Турската Национална разузнавачка организација (МИТ) погодила 120 цели на терористичката група ПКК/ЈПГ, тврдат безбедносни извори.
Операциите на МИТ ќе продолжат непречено се додека не се постигнат планираните цели против терористичката група, додаваат изворите.
Операциите уследија по терористичкиот напад на ПКК во средата врз седиштето на Турската воздушна индустрија во главниот град Анкара, при што загинаа пет лица, а други 22 беа повредени.
ПКК која води 40-годишна терористичка кампања против Туркије, е на листата на терористички организации прогласена од Туркије, САД и ЕУ. ПКК е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и доенчињa.
TRT Balkan / агенции