Израел вчера излезе надвор од Голанската Висорамнина и ја окупираше територијата на граничната линија Либан - Сирија и се приближи до Дамаск на 25 километри / Photo: AA

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека напредокот во Сирија треба да се заснова врз „факти на теренот“.

„Нападите на Израел врз Голанската Висорамнина и тампон зоната нема да ја стабилизираат ситуацијата во Сирија“, истакна Песков во обраќањето пред новинарите во руската престолнина Москва.

Тој посочи дека Русија навреме ѝ дала поддршка на Сирија и вложила интензивни напори.

„За жал, текот на настаните доведе до ситуацијата што ја имаме во моментов. Сега е неопходно да се постигне напредок врз основа на фактите на терен“, рече Песков.

Тој ги критикуваше и израелските напади во Сирија.

„Сакаме Сирија да се стабилизира колку што е можно поскоро“, изјави портпаролот на Кремљ.

Песков рече дека Русија ќе продолжи внимателно да ги следи настаните во Сирија.

„Се разбира, ги продолжуваме нашите контакти со луѓето што моментно ја контролираат ситуацијата во Сирија. Тоа е неопходно бидејќи таму се наоѓаат нашите бази и дипломатски претставништва“, рече Песков.

Потоа тој нагласи дека Русија ќе продолжи да ги презема неопходните чекори за да ги оствари своите безбедносни интереси.

„Специјалната воена операција во Украина е апсолутен приоритет за нашата земја и сите цели на операцијата ќе бидат остварени“, рече Песков.

TRT Balkan / агенции
Популарни