Мостот помеѓу САД и Канада е затворен по експолозијата / Photo: AP

Мостот „Виножито“ кај водопадите на Нијагара затворен е по експлозијата на возило на страната на Соединетите Американски Држави (САД).

Овој мост ги поврзува САД и Канада. Гувернерката на Њујорк Кети Хочул рече дека внимателно ја следи ситуацијата.

„Известена сум за инцидентот на мостот „Виножито“ кај водопадите на Нијагара и внимателно ја следиме ситуацијата. Државните агенции се на терен и подготвени да помогнат“, изјави гувернерката на Њујорк, Кети Хочул во објава на социјалната мрежа Х.

ФБИ извести дека ја истражува „експлозијата на возилото“ на мостот. На видеозаписите објавени на социјалните мрежи се гледа чад и штета на местото на експлозијата.

TRT Balkan / агенции
Популарни