Израелски извор очекува можна објава од Катар за прекин на огнот во Газа, во рамките на кој ќе се склучи договор за размена на заробеници меѓу Палестинците и Израелците.
Израелската државна телевизија КАН цитираше извор запознаен со деталите од договорот меѓу Израел и Хамас, кој истакна дека договорот е пред финализирање и дека Доха може да ги објави условите во текот на денот.
КАН не соопшти повеќе детали.
Израелскиот „Канал 12“ цитираше израелски претставник кој истакна: „Ние сме многу блиску до постигнување договор.“
Официјалниот претставник, чие име не е споменато, додава дека договорот вклучува ослободување на 50 израелски заложници, додека другите, уште 50, можно е да бидат ослободени во замена за нареден прекин на огнот.
Тој истакна дека оние кои ќе бидат ослободени од заробеништво на Хамас се жени и деца.
Израелските медиуми соопштија дека ослободувањето на израелските заложници ќе биде во замена за ослободување на палестинските жени и деца од израелските затвори, како и дозволување влез на хуманитарна помош и гориво во Газа.