Судот му наложи на Тел Авив да поднесе извештај за преземените мерки во рок од еден месец / Photo: AA

Меѓународниот суд на правдата (МСП) денес му нареди на Израел веднаш да ја прекине воената офанзива во Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, каде што ги испрати своите сили на 6 мај.

„Израел мора веднаш да ја запре својата воена офанзива или која било друга акција во Рафах што може да им нанесе на Палестинците во Газа услови на живот што би можеле да доведат до нејзино целосно или делумно физичко уништување“, рече судијата Наваф Салам, претседател на МСП, читајќи ја наредбата за дополнителните привремени мерки побарани од Јужноафриканската Република во случајот против Израел за геноцид.

МСП истакна дека модифицирањето на наредбата од 28 март е во рамки на промената на околностите поради офанзивата во Рафах, каде раселените Палестинци се засолнија од војната што започна во октомври.

Според агенциите на Обединетите нации, оттогаш градот, поради копнената офанзива, го напуштиле повеќе од 800.000 Палестинци.

Во пресудата се вели дека Израел не „одговори во доволна мера и не ја отстрани“ загриженоста предизвикана од неговата воена операција во Рафах.

МСП, исто така, го повика Израел да го задржи граничниот премин Рафах отворен за непречен пристап на основните услуги и хуманитарната помош во Газа.

Судот му наложи на Тел Авив да поднесе извештај за преземените мерки во рок од еден месец од издавањето на пресудата.

AA
Популарни