Муслиманите од целиот свет во Мека: Посета и молитва крај Каба / Photo: AA

Милиони муслимани од целиот свет престојуваат во Мека, Саудиска Арабија, каде што во наредните денови ќе извршат аџилак.

Деновите пред аџилакот верниците ги користат за посета и молитва покрај Каба, светото место и џамијата што ја изгради божјиот пратеник Ибрахим (Аврам) со помош на неговиот син Исмаил, а чија позначајна обнова се случи во време на младоста на последниот божји пратеник Мухамед.

Саудиска Арабија во саботата соопшти дека досега примила над милион аџии за овогодинешниот аџилак.

„Околу 1.150.000 аџии веќе пристигнаа во Саудиска Арабија за аџилак“, изјави за државната телевизија „Ал-Ехбарија“, Мухамед ал-Биџави, потсекретар на Министерството за аџилак и умра, и додаде:

„Приливот на аџии продолжува да расте во услови на континуирани подготовки.“

Саудиска Арабија очекува оваа година да прими повеќе од два милиони муслимански аџии на аџилак.

Според исламските прописи, извршувањето на аџилакот е една од петте свети должности на муслиманите.

AA
Популарни