Втор круг од претседателските избори во Туркије на 28 мај / Photo: AA

Во Туркије на 28 мај ќе се одржи втор круг од изборите за претседател откако ниту еден кандидат не го освои потребното мнозинство гласови на изборите одржани во недела на 14 мај, објави Врховната изборна комисија (ЈСК).

Во првиот круг ниту еден кандидат не успеа да ги освои потребните 50 отсто од гласовите.

Граѓаните на Туркије вчера гласаа на редовни претседателски и парламентарни избори, а бираа помеѓу три претседателски кандидати и 24 политички партии и 151 независен кандидат за новиот состав на Големото народно собрание на Туркије (ТБММ) кое има вкупно 600 пратенички места.

Повеќе од 64,1 милиони граѓани регистрирани се за гласањето, вклучувајќи повеќе од 1,76 милиони од оние кои гласаа во странство и 4,9 милиони кои гласаа првпат.

Најнови вести 16:00 Висок изборен совет на Туркије: Втор круг на 28 мај, Ердоган во предност

Во Туркије на 28 мај ќе се одржи втор круг од изборите за претседател откако ниту еден кандидат не го освои потребното мнозинство гласови на изборите одржани во недела на 14 мај, објави претседателот на Врховната изборна комисија (ЈСК) Ахмет Јенер.

Јенер рече дека во првиот круг ниту еден кандидат не успеа да ги освои потребните 50 отсто од гласовите.

Актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, заеднички кандидат на Народна алијанса преводен од Партијата на правдата и развојот (АК Партија), во првиот круг освои 49,51 отсто, а Кемал Киличдароглу, претседателот на опозициската Републиканска народна партија (ЏХП) и заеднички кандидат на Национална алијанса беше втор според освоените гласови и освои 44,88 % гласови.

Синан Оган од Алијанса АТА освои 6,17 отсто, а Мухарем Инџе, кој се повлече од претседателската трка кон крајот на минатата недела, освои 0,44 отсто гласови.

Во вториот груг од претседателските избори ќе учествуваат Ердоган и Киличдароглу. Јенер изјави дека излезноста во земјата изнесува 88,92 отсто, а во странство 52,69 отсто.

12:00 Претседателот на ЈСК, Јенер: Ердоган во водство со 49,40 отсто од гласовите

Претседателот на Врховната изборна комисија на Туркије (ЈСК), Ахмет Јенер, рече дека, според податоците собрани до 9:45 часот по локално време, актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган освоил 49,40 отсто, а кандидатот на опозицијата Кемал Киличдароглу 44,96 отсто од гласовите.

Јенер во своето обраќање пред новинарите ги претстави најновите податоци за резултатите од претседателските и парламентарните избори одржани вчера.

„Од вкупно 192.214 гласачки кутии во земјава, до 9:45 часот се отворени 192.187, што е околу 99 отсто. Во моментов во земјава не се отворени уште 27 гласачки кутии. Од 9.594 гласачки кутии во странство, отворени се 8.065. 1.529 гласачки кутии сè уште не се отворени во странство, а досега 84,06 отсто од гласачките кутии се отворени во странство“, рече Јенер.

„Според овие податоци, до 9 часот и 45 минути Реџеп Таип Ердоган освои 49,40 отсто од гласовите, Кемал Киличдароглу 44,96 отсто, Синан Оган 5,2 отсто, а Мухарем Инџе 0,44 отсто“, додаде тој.

Граѓаните на Туркије вчера гласаа на претседателските и парламентарни избори, избирајќи меѓу тројца претседателски кандидати и 24 политички партии и 151 независен кандидат за новото свикување на Големото национално собрание, кое има вкупно 600 пратенички места.

04:00 Ердоган во водство по обработени 99,37% од гласовите

• Ердоган: 44,42 отсто

• Инџе 0,43 отсто (повлечена кандидатура)

• Киличдароглу: 44,95 отсто

• Оган: 5,20 отсто

00.45 Водство на Ердоган по обработени над 92 % гласови

• Ердоган: 49,59 отсто

• Инџе 0,45 отсто (повлечена кандидатура)

• Киличдароглу: 44,67 отсто

• Оган: 5,28 отсто

Се пребројуваат и гласовите за парламентарните избори во Туркије.

Ова се најновите резултати заклучно со 00:45 часот од обработени 92,42% од гласовите: • АК Партија - 35,62% • МХП - 10,27% • ББП - 1.01% • Ј. Рефах - 2.85% Според овие резултати, Народна алијанса досега има освоено 49,74% од гласовите, додека Национална алијанса освои 34,94% од гласовите. Од партиите од Национална алијанса ова е бројот на освоени гласови: • ЏХП - 25,03 % • МХП - 09,91 %

22:15 Ердоган: Mирните избори се израз на демократската зрелост на Туркије

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, рече дека фактот што денешните избори се одржани во мир и спокојство, како и тоа што беа вистински празник на демократијата, е израз на демократската зрелост што ја поседува Туркије.

Ердоган на социјалните мрежи апелираше до неговите сопатници да не ги напуштаат гласачките места сѐ до официјалното објавување на резултатите од претседателските и парламентарните избори што се одржаа во земјата.

Тој истакна дека обидот да се соопштат резултати набрзина додека изборите се одвиваат во таква позитивна и демократска атмосфера и додека сѐ уште трае пребројувањето на гласовите е грабеж на националната волја.

„Задоволни сме од одразот на согласноста на нашиот народ во тековното пребројување на гласовите. Ги молам моите пријатели во каузата и сопатниците да не ги напуштаат избирачките места, што и да се случи, додека не излезат официјално резултатите. Им честитам на сите граѓани што гласаа во името на демократијата и учествуваа во изборните работи, заблагодарувајќи му се на секој од нив“, напиша Ердоган на социјалните мрежи.

22:00 Претседателски резултати по обработени 87,6 отсто од гласовите

• Ердоган: 50,01 отсто

•Инџе 0,47 отсто (повлечена кандидатура)

• Киличдароглу: 44,22 отсто

• Оган: 5,30 отсто

21:15 Претседателски резултати по обработени 79,45 отсто од гласовите

• Ердоган: 50,50 отсто

•Инџе 0,49 отсто (повлечена кандидатура)

• Киличдароглу: 43,70 отсто

• Оган: 5,31 отсто

20:30 Претседателски резултати по обработени 70,4 отсто од гласовите

• Ердоган: 51,23 отсто

•Инџе 0,51 отсто (повлечена кандидатура)

• Киличдароглу: 42,95 отсто

• Оган: 5,31 отсто

20:20 Најнови резултати од парламентарните избори

Се пребројуваат гласовите за турските парламентарни избори. Еве ги најновите резултати со обработени 49,85 отсто од гласовите:

• Народна алијанса: 53,25 отсто

• Национална алијанса: 32,59 отсто

20:10 Претседателски резултати по обработени 60,4 отсто од гласовите

• Ердоган: 51,71 отсто

•Инџе 0,52 отсто (повлечена кандидатура)

• Киличдароглу: 42,45 отсто

• Оган: 5,32 отсто

19:15 Претседателски резултати по обработени 37,9 отсто од гласовите

• Ердоган: 53,02 отсто

•Инџе 0,56 отсто (повлечена кандидатура)

• Киличдароглу: 41,04 отсто

• Оган: 5,38 отсто

19:00 Најнови резултати од парламентарните избори

Се пребројуваат гласовите за турските парламентарни избори. Еве ги најновите резултати со обработени 13,19 отсто од гласовите:

• Народна алијанса: 60,19 отсто

• Национална алијанса: 26,78 отсто

18:45 Последни резултати од 31,5 отсто преброени гласови

• Ердоган: 53,62 отсто

• Инџе: 0,56 отсто (повлечена кандидатура)

• Киличдароглу: 40,42 отсто

• Оган: 5,40 отсто

18:15 Ердоган е во водство

Првичните резултати по пребројани 24,7 отсто од гласовите.

• Ердоган: 54,63 отсто

• Инџе 0,56 • Инџе: 0,56 отсто (повлечена кандидатура)

• Киличдароглу: 39,40 отсто

• Оган: 5,41 отсто

17:15 Врховна изборна комисија на Туркије: Не се пријавени негативни случаи за време на гласањето

Во Врховната изборна комисија на Туркије(ЈСК) досега не се пријавени негативни случаи за време на гласањето на претседателските и парламентарните избори што се одржаа во земјата. Ова го потврди претседателот на комисијата Ахмет Јенер.

Тој во писмено соопштение нагласи дека заврши гласањето за избор на претседател и 28. состав на Парламентот на Република Туркије, им се заблагодари на учесниците во процесот и посака резултатите да бидат од корист за земјата.

16:00 Гласањето заврши на претседателските и парламентарните избори во Туркије

Гласачките места низ Туркије се затворени, а гласањето за претседателските и парламентарните избори во земјата заврши во 17 часот по локално време.

Повеќе од 64,1 милиони луѓе беа регистрирани за гласање, вклучително и над 1,76 милиони кои гласаа во странство и 4,9 милиони кои гласаа за првпат.

За гласачите во земјава беа поставени вкупно 191.885 гласачки кутии.

Секој гласач гласаше на две ливчиња, едното за претседател, а другото за парламентарци. И едните и другите ќе имаат мандат од пет години.

Пребројувањето на гласачките ливчиња започна за да се утврди исходот од трката меѓу претседателот Реџеп Таип Ердоган, главниот опозициски кандидат Кемал Киличдароглу и Синан Оган.

Мухарем Инџе, уште еден претседателски кандидат, се повлече во четвртокот.

На изборите учествуваа повеќе од 30 политички партии и над 150 независни кандидати за пратеници во парламентот кој брои 600 пратеници.

Избирачките места беа претходно отворени надвор од Туркије, во 75 држави и 156 турски претставништва.

Гласањето на граничните премини започна на 27 април, а во дипломатските претставништва на 5 мај и траеше до 9 мај, според претходно утврдениот распоред..

Над 3,41 милиони граѓани се регистрирани за гласање од странство.

Како што соопшти Врховната изборна комисија на Туркије, нецелосни и неофицијални резултати ќе бидат објавени истиот ден, во првите часови по затворањето на гласачките места.

13:45 Одѕивот на гласачите се очекува да го надмине прагот од 90%.

Дописникот на ТРТ Ворлд Мустафа Фатих Јавуз од Анкара вели дека има висок одѕив на гласачите во Анкара и воопшто во Туркије.

Во 1987 година одѕивот на гласачите беше 93,3 отсто, а во 2018 година беше 86,2 отсто.

Јавуз вели дека одѕивот на гласачите оваа година се очекува да го надмине прагот од 90 проценти.

Гласањето на дијаспората исто така се зголеми од 50 проценти во 2018 година на 53 проценти оваа година.

13:30 112-годишнa жена гласаше на изборите

Гулу Доган, најстарата жителка на Ѓумушане, со 112 години, направи цврст избор да ги искористи своите избирачки права заедно со своите деца и внуци на локалното избирачко место.

И покрај тоа што имаше погодност да го даде својот глас преку мобилна гласачка кутија, таа одлучи лично да присуствува на изборите.

10:30 - Гласаше турскиот претседател

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го даде својот глас на претседателските и парламентарните избори во земјата.

„Процесот на гласање продолжува низ целата земја без никакви проблеми. Со голем ентузијазам гласаат и нашите граѓани во регионот на земјотресите. И во тој регион не наидовме на никакви проблеми“, изјави Ердоган за медиумите откако го даде својот глас во истанбулската област Ускудар.

Тој посака „добра иднина за нашата земја и турската демократија“.

10:00 - Гласаше опозицискиот кандидат Киличдароглу

Претседателот на Републиканската народна партија (ЏХП) и претседателски кандидат Кемал Киличдароглу гласаше на изборите.

Киличдароглу го даде својот глас во основното училиште Арјантин во Анкара.

07:00 - Отворени гласачките места во Туркије за претседателските и парламентарните избори

Во неделата наутро низ Туркије се отворени гласачките места за претседателските и парламентарните избори во земјата.

Актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган бара уште еден мандат, додека опозициските кандидати се Кемал Киличдароглу од Националната Алијанса и Синан Оган од Алијансата Ата.

Врховниот избирачки одбор (ИСК) претходно објави дека повеќе од 64 милиони граѓани имаат право да гласаат на изборите на 14 мај, вклучително и повеќе од 3 милиони гласачи во дијаспората.

Избирачките места ќе се затворат во 17 часот по локално време, а набргу потоа се очекува да почнат да доаѓаат првите резултати.

TRT Balkan / агенции
Популарни