На видеоснимките направени од израелски војници во Појасот Газа, кој се наоѓа под постојан напад од Израел, се прикажани уништени гробови и куче скитник како го јаде телото на мртвиот Палестинец.
Палестинскиот новинар Јунус Тирави на својот профил на платформата X ги објави видеата што израелски војник ги снимил во Газа и ги споделил на социјалните медиуми.
На снимките, повеќето снимени во јануари, може да се види голем број израелски војници како извидуваат област за која се вели дека претставува влез во тунел за цивили од Газа.
Во една друга објава е снимен булдожер на израелската армија како уништува гробишта во Кан Јунис, во јужниот дел на Газа.
Израелскиот војник, потсмевајќи се во моментите кога се уништуваат гробовите, видеото го споделил со коментарот „затоа што не ме поканивте на погребот“.
На една од видеоснимките се гледа како израелските војници уништуваат фарма со стотици кокошки.
Во видеото, кое очигледно е направено од внатрешноста на булдожер, прикажани се моментите како куче скитник го јаде телото на Палестинецот.
Се забележува дека израелскиот војник ја користел песната „Што прави кучето“ како заднина на моментите кога кучето скитник го јаде мртвото тело на Палестинецот.
На снимките има и моменти кога израелските војници разнесуваат џамија со експлозив и уништуваат палестински возила со булдожери.