Над 3 милиони тони жито испорачано од Украина според договорот во Истанбул

Над 3 милиони тони жито испорачано од Украина според договорот во Истанбул

Туркије соопшти дека 144 бродови тргнале од украинските пристаништа од 1 август годинава
Повеќе од три милиони тони жито се безбедно испорачани од украинските пристаништа од август        Фото: АА

Повеќе од три милиони тони жито се безбедно испорачани од украинските пристаништа од август, според историскиот договор постигнат во Истанбул, соопшти во четвртокот турското Министерство за национална одбрана.

Туркије, ОН, Русија и Украина потпишаа договор во Истанбул на 22 јули за обновување на извозот на жито од трите украински пристаништа на Црното Море, кое беше прекинато по почетокот на руско-украинската војна во февруари.

Во Истанбул беше формиран Заеднички координативен центар со претставници од трите земји и ОН за да ги надгледува пратките од пристаништата Јужни, Чорноморск и Одеса.

Во соопштението на министерството се наведуваат „интензивните дипломатски напори“ на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за посредување во договорот и се вели дека над 3,25 милиони тони жито биле испорачани од Украина до 15 септември.

Најмалку 144 бродови ја напуштија Украина од договорот и 161 празен брод заминаа во украинските пристаништа за да натоварат жито, се вели исто така.

Дополнително, уште 11 бродови натоварени со жито ги напуштија украинските пристаништа според договорот за извоз на жито во Истанбул во четвртокот, соопшти Министерството.

AA
Популарни