Здравствените власти потврдија дека најмалку 100 луѓе се уште се под урнатините / Photo: AA

Најмалку 100 лица загинаа, а повеќе од 20 лица се повредени во нападите на израелската армија во регионот Џабалија, северно од Појасот Газа, јави палестинската агенција ВАФА.

Здравствените власти потврдија дека најмалку 100 луѓе се уште се под урнатините.

Исто така, беше наведено дека неколку лица се убиени и ранети во нападите на израелските авиони кои со силен артилериски оган насочени кон различни делови на градот, како и жестоки воздушни напади врз северните делови на градот Кан Јунис, кој се наоѓа во јужно од појасот Газа.

Жестоки експлозии одекнаа и во централниот дел на Појасот Газа, се уште нема информации дали има загинати или повредени во инцидентот.

Најмалку 18.800 Палестинци се убиени во израелските напади, главно жени и деца, а 51.000 се повредени, според здравствените власти на Газа.

Бројот на израелски загинати во нападот на Хамас изнесува 1.200, додека повеќе од 130 заложници сè уште се држат од палестинската група во Газа, според официјалните податоци.

AA
Популарни