Најмалку 28 лица загина во израелски напад врз училиште во Деир ал Балах во централниот дел на Газа во кое се сместени раселените Палестинци, а бројот на жртви најверојатно ќе се зголеми, соопштија палестинските медицински претставници.
Болницата во која се однесени телата го потврдила бројот на жртвите и наведува дека во нападот се ранети 56 лица.
Уште најмалку 55 Палестинци загинаа во израелските напади во Појасот Газа, со што вкупниот број на загинати од минатата година достигна 42.065, соопшти во четвртокот Министерството за здравство во енклавата.
Во соопштението на министерството се додава дека околу 97.886 други се повредени во тековниот напад.
„Израелските сили убиле 55 лица и повредиле 166 други во пет масакри на семејства низ Газа во последните 24 часа“, соопшти Министерството.
„Многу луѓе се уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.