Уште најмалку 90 Палестинци загинаа во израелските напади во Појасот Газа во изминатите 24 часа, со што бројот на загинатите од почетокот на нападите на 7 октомври минатата година се искачи на 29.782.
Израелските сили 143 дена вршат брутални напади врз блокираниот Појас Газа, оставајќи го населението без храна, вода и други основни потреби.
Министерството за здравство во Газа соопшти дека во изминатите 24 часа, уште 90 Палестинци биле убиени во израелските напади, а биле ранети уште 164 лица.
Така, билансот на жртви од почетокот на израелските напади е зголемен на 29.782 убиени и 70.043 ранети.
Во соопштението се наведува дека поради континуираните израелски напади, властите во Газа се уште не можат да пристапат до сите урнатини и да ги соберат телата на сите загинати.