Најмалку 31 лице загина во вчерашниот израелскиот воздушен напад врз бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на блокираниот Појас Газа, пренесува Анадолу.
Палестинската новинска агенција ВАФА јавува дека израелските авиони бомбардирале 12 куќи во реонот на кампот каде што се наоѓа комплексот на добротворниот клуб Џабалија.
Спасувачките екипи и локалното население досега од урнатините на куќите извлекле тела на 31 загинато лице, а операцијата за пребарување и спасување продолжува.
Овој извор јавува дека во нападот има и ранети.
Израел извршува немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа - вклучително и врз болници, резиденции и домови за богослужба - откако палестинската група на отпорот Хамас започна прекуграничен напад на 7. октомври.
Оттогаш, бројот на загинати од тековните израелски напади надмина 11.100, вклучувајќи повеќе од 8.000 деца и жени, соопшти во неделата владината канцеларија за медиуми во Газа.
Според официјалните податоци, бројот на загинати во Израел е скоро 1.200.