Од почетокот на израелските напади на Појасот Газа на 7 октомври досега се убиени над 19.667 Палестинци / Photo: AA

Најмалку 50 Палестинци се убиени кога израелски воени авиони бомбардираа две станбени згради во Газа синоќа, објави палестинската новинска агенција ВАФА.

Неколку лица останаа под урнатините по нападот на израелските авиони на квартот Ал Римал, изјави локалното население.

Палестинското Министерство за здравство се уште не ги потврдило смртните случаи.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилните населби, станбените објекти, џамии, цркви и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври.

На 24 ноември, во 7:00 часот по локално време, стапи на сила четиридневната хуманитарна пауза договорена меѓу Хамас и Израел, која потоа беше продолжена за уште три дена.

На 1 декември (петок), по завршувањето на хуманитарната пауза, израелската војска продолжи со своите интензивни напади низ Појасот Газа.

Од почетокот на израелските напади на Појасот Газа на 7 октомври досега се убиени над 19.667 Палестинци, а ранети се повеќе од 52.586 лица, објавија здравствените власти на палестинската енклава.

AA
Популарни