Најмалку 500 Палестинци убиени во израелски напад врз болница во Газа

Најмалку 500 луѓе се убиени во израелски воздушен напад врз градска болница во Газа, соопшти палестинското Министерството за здравство.

Стотици луѓе бараа засолниште во болницата Ал Ахли во моментот на експлозијата.

Фотографиите испратени до Асошиетед прес покажаа дека пожарот ги зафатил болничките сали, искршено стакло и делови од телото расфрлани низ областа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повика на широка меѓународна поддршка во борбата на земјата против Хамас, кој го изврши најсмртоносниот напад во 75-годишната историја на Израел.

„Светот мора да застане обединет зад Израел за да го порази Хамас“, рече Нетанјаху заедно со германскиот канцелар Олаф Шолц кој го посети.

„Дивјаштвото на кое бевме сведоци на извршени од убијците на Хамас кои излегоа од Газа беа најлошите злосторства извршени врз Евреите од холокаустот“, рече Нетанјаху.

Израел минатата недела нареди целосна опсада на Газа, каде 2,4 милиони жители се соочуваат со опасности по живор поради недостиг од лекови, вода, храна и гориво.

Најмалку 3.061 Палестинец се убиени во тековните израелски воздушни напади врз Газа, соопшти Министерството за здравство во Газа.

Околу 13.750 други лица се повредени во израелското бомбардирање, се вели во соопштението на Министерството.

Од почетокот на бомбардирањето на 7 октомври, најмалку 940 палестински деца и 1.032 жени се убиени во Газа, соопшти владината канцеларија за медиуми на Хамас.

Израелското бомбардирање и блокада на Газа продолжи единаесеттиот ден, со раселени над еден милион луѓе - речиси половина од вкупното население на Газа, според Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци.

TRT World
Популарни