Израелската армија уапсила најмалку 98 палестински новинари од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври минатата година, од кои 52 сè уште се наоѓаат во израелските затвори, соопшти во понеделникот Здружението на палестинсите затвореници.
Во соопштението, Здружението на палестинските затвореници, невладина организација која се залага за правата на затворениците, рече дека меѓу приведените новинари, 15 се задржани во административен притвор, меѓу кои шест новинарки, а најмалку 17 новинари од Појасот Газа се приведен.
Израелската политика на административен притвор им дозволува на израелските власти да го продолжат притворот на палестински затвореник на неодредено време без обвинение или судење.
Во соопштението се истакнува дека меѓу уапсените новинари од Газа се Нидал Ал-Вахиди и Хајтам Абделвахид, кои биле подложени на принудно исчезнување без информации за нивната состојба.
Илјадници Палестинци беа уапсени од израелската армија од областите низ Појасот Газа, но израелските власти одбија да дадат конкретни бројки.
Во тековната израелска војна на Појасот Газа загинаа речиси 40.800 Палестинци, главно жени и деца, а повредени се над 94.200 други, според локалните здравствени власти.
Тековната блокада на енклавата доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови, оставајќи голем дел од регионот во урнатини.
Израел се соочува со обвиненија за геноцид за своите постапки во Газа пред Меѓународниот суд на правдата.