Две експлозии одекнаа денеска во Западен Кудс (Ерусалим), соопшти израелската полиција.
Во соопштението на полицијата се наведува дека првата експлозија се случила во близина на автобуска станица на влезот во Западен Кудс. Друга експлозија е пријавена на градската крстосница Рамот. Според полицијата, во експлозиите биле повредени 14 Израелци, од кои 11 во првата експлозија.
„По експлозијата што се случи утрово во близина на крстосницата на влезот во Ерусалим во близина на автобуската станица, уште една експлозија се случи во близина на автобуската станица на крстосницата Рамот во Ерусалим“, соопшти полицијата.
Причината за експлозиите сѐ уште не е јасна.
Израелската телевизија КАН соопшти дека првата експлозија била предизвикана од експлозивна направа во торба.
„Полицијата се сомнева дека сторителот пристигнал со електричен велосипед и ја поставил експлозивната направа“, јави телевизијата.