Осомничениот е ученик и е во притвор, но се уште не е јасно дали одел во училиштето каде пукал / Photo: Reuters

Најмалку четворица се убиени, а уште 30 други се повредени во пукање во средата во средно училиште во Џорџија во областа Атланта.

Еден осомничен е во притвор, според соопштението од Канцеларијата на шерифот на округот Бароу.

Дел од тешко повредените се пренесени со хеликоптер, а дополнителни хеликоптери се во подготвеност.

Осомничениот е ученик и е во притвор, но се уште не е јасно дали одел во училиштето каде пукал, и дали само тој пукал. Не е познато ниту дали убиените се ученици или вработени во училиштето.

Сите училишта во областа се затворени, а полицијата е испратена во сите подрачни средни училишта од претпазливост, но досега нема извештаи за секундарни инциденти.

„Се чини дека инцидентот е под контрола и учениците се ослободени“, изјави портпаролот на училиштата во округот Бароу.

Снимките од воздушната телевизија покажаа неколку возила на брза помош пред гимназијата.

TRT Balkan / агенции
Популарни