Израелски авиони бомбардираа преполн пазар во близина на џамијата Шамa / Photo: Reuters

Најмалку десет лица загинаа, а повеќе се ранети во напад на израелските сили денеска на пазар во југоисточниот дел на градот Газа.

Локалните извори јавуваат дека израелски бомбардери извршиле воздушен напад на пазарот кој се наоѓа во близина на Шема џамијата во населбата Зејтун кој секојдневно го посетуваат голем број луѓе.

Извори од болницата Ал-Ахли во Газа соопштија дека во нападот загинале најмалку десет лица, а во болницата биле донесени голем број ранети.

TRT Balkan / агенции
Популарни