Во овие напади загинаа најмалку 41.272 Палестинци, меѓу кои најмалку 16.795 деца и 11.378 жени / Photo: AA

Најмалку осум Палестинци загинаа во напад на израелската армија врз училиште во кое се сместени раселените семејства во источниот дел на градот Газа.

Воздушниот напад бил извршен во областа Шуџаја, а неколку луѓе биле ранети.

Израел од 7 октомври минатата година врши континуирани напади врз Појасот Газа, а цел на нападите се и цивилни институции како училишта и болници.

Министерството за здравство во Газа даде информации за нападите што Израел ги извршува на Појасот Газа во последните 348 дена.

Наведено е дека израелската армија извршила два масакри во различни делови на Појасот Газа во последните 24 часа, а во овие напади биле убиени уште 20 Палестинци, а 54 се ранети.

Досега во овие напади загинаа најмалку 41.272 Палестинци, меѓу кои најмалку 16.795 деца и 11.378 жени, а ранети се 95.551 лице.

Во соопштението се повторува и дека има уште мртви тела под урнатините, но дека медицинските тимови и службениците за цивилна заштита не можат да стигнат до телата поради попречувањето на израелските сили.

AA
Популарни