Најмалку шест лица загинаа денеска во израелски воздушен напад врз амбулантно возило во централниот дел на Појасот Газа.
Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека меѓу жртвите има најмалку четворица членови на хуманитарната организација.
Истиот извор јавува дека израелските воздухопловни сили гаѓале амбулантни возила во градот Деир ал Балах.
Амбулантите и медицинските установи се честа цел на израелските напади во Појасот Газа.
Најмалку 12 Палестинци загинаа, а десетици се повредени во израелските воздушни напади извршени во текот на ноќта врз градовите Рафах и Хан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа.
Израелските воени авиони ја бомбардираа куќата на семејството Абу Намус во Хан Јунис, според информациите што Анадолу ги доби денес од локални извори. Загинаа седум лица, меѓу кои жени и деца, а 25 се повредени.
Пет лица загинаа, а голем број се повредени во нападите врз куќа во северниот дел на Рафа и засолниште за раселените лица.
Израел започна брутални воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.
Нападите го оставија Појасот Газа во урнатини. Околу 60 отсто од инфраструктурата на палестинската енклава се оштетени или уништени, а околу два милиони жители се раселени. Досега во нападите се загинати 23.357 Палестинци, а 59.410 се ранети.