Засега нема коментар од САД за нападите / Фото: AA

Базата Конико на САД на истокот на Сирија беше нападната со ракети од страна на вооружени групи кои имаат поддршка од Иран.

Нападот врз базатата во провинцијата Деир ез-Зор завршил без жртви и посериозна материјална штета, јавуваат локалните медиуми. Засега нема коментар од САД за нападите.

Американските сили за противвоздушна одбрана пресретнале два од проектилите пред да ја погодат базата, додека еден проектил паднал во близина.

Како одговор, американските сили стационирани во истата база гранатираа локации на групите поддржани од Иран во регионот Хишам западно од Еуфрат.

Териториите на Деир ез-Зор источно од Еуфрат се под контрола на терористичката организација ПКК/ЈПГ, поддржана од САД.

Во меѓувреме, централниот дел на градот и другите рурални области се под контрола на сирискиот режим и групите поддржани од Иран.

AA
Популарни