Пред анексијата на Донетск, Луганск Запорожје и Херсон, Русија во време на Путин, во 2014 година го анектираше и Крим     Фото: Reuters

Светската историја памети повеќе примери на анексија или припојување на едни територии или држави кон други. Ги имало во овој, во минатиот век и во подалечната историја. Анексијата на украинските области Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон по спроведените референдуми е последното најавено припојување. Во продолжение ТРТ Балкан ви дава преглед на најпознатите случаи на анексија во помодерната историја.

Втора анексија на Русија во време на Путин

Во време на владеењето на Владимир Путин, анексијата по втор пат е на дневен ред. Во 2014 година Русија ја анектираше Украинската автономна Република Крим кој беше цел на руска анексија и во 1783 година за време на владеењето на кралицата Катерина Втора.

Австро-Унгарија ја анектираше Босна и Херцеговина

Процеси на анексија се паметат и на Балканот. Во времето на кралот Франц Јозеф во 1908 година се случила анексијата на Босна и Херцеговина од страна на Австро- Унгарија. Со овој акт Австро-Унгарија ја потврдила контролата над територијата на Босна и Херцеговина која тогаш била под суверенитет на Османлиската империја. Анексијата била објавена на 12 октомври, а потоа била призната од Русија, но и од Србија и од Црна Гора. Анексијата и идејата на Австро-Унгарија за државното уредување на Босна и Херцеговина ја зголемила поделбата меѓу народитеи дополнително ја продлабочила.

Нацистичка Германија ја припои Австрија на Третиот Рајх

Австрија била анектирана од нацистичка Германија во времето на Адолф Хитлер во 1938 година. Тој испратил 200.000 војници припадници на СС единиците и прогласил анексија на Австрија кон Третиот Рајх. Хитлер имал поддршка од австриските нацисти и од дел од населението. Оваа анексија е позната и под германскиот термин „Аншлус”. Интересно е тоа што за да ја озакони анексијата бил спроведен референдум. На референдумот 99,73 проценти од граѓаните ја поддржале анексијата.

Договор меѓу Јапонија и Кореја

Анексијата на Јапонија над Кореја се официјализирала со договорот меѓу двете земји во 1910 година по долгогодишни војни. Претходно во 1876 година бил потпишан договорот според кој Кореја била во зоната на влијание на Јапонија, а во 1905 година бил потпишан договорот за протекторат. Анексијата траела до 1945 година.

Италијанска анексија на Етиопија

Италија ја прогласила анексијата на Етиопија на 7 март 1936 година. Емануел Трети бил прогласен за цар. Еритреја, италијански Сомаиланд и Абисинија биле обединети во италијанската провинција Источна Африка.

Борбите меѓу италијанските и етиописките трупи траеле до 1937 година, а Италија продолжила да ги неутрализира етиописките револуционерни движења се до 1939 година.

Хаваи и Тексас станаа дел од САД со анексија

Анексијата на Хаваи од страна на САД е поврзана бунтот на производителите на шеќерна трска кои побарале симнување на мохархијата и воспоставување на Република. Помош за тоа побарале од САД.

Маринците од САД пристигнале на островот. Кралицата била принудена да абдицира. Во 1893 година е потпишан договорот за анексија на Хаваи, но се било пролонгирано до 1898 година кога претседател на САД бил Вилијам Мекинли кој ја потпишал резолуцијата за припојување на Хаваи по гласањето во Сенатот. Улогата која ја одиграл Хаваи за САД во војната против Шпанија било дополнителен фактор кој придонел анексијата да биде финализирана.

TRT Balkan
Популарни