Izrael već 123 dana izvodi žestoke napade na Pojas Gaze u kojem su stanovnici ostali bez hrane, vode i osnovnih životnih potrepština. / Photo: AA

Белата куќа соопшти дека е понуден „сериозен предлог“ за да се олесни ослободувањето на заложниците кои продолжуваат да ги држи Хамас во замена за долго примирје во опколениот Појас Газа.

Од египетска и катарска страна, кои во процесот се вклучени како медијатори, стигнаа информации дека Хамас позитивно одговорил на предлогот, иако биле доставени и низа белешки за можниот договор за размена на заробеници што ќе значи и подолготрајно примирје во опколената енклава.

Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани, премиерот на Катар изнесе информации дека постои голема веројатност за постигнување договор во Газа.

Претходно Џек Кирби, портпаролот на Советот за национална безбедност на САД посочи дека предлогот кој е доставен нуди квалитетна рамка за договор, иако не ги коментираше наводите за одговорот на Хамас.

„Ние веруваме дека беше изнесен сериозен предлог за продолжено примирје што може да ги постигне сите работи кои ги зацртавме“, изјави Џон Кирби портпаролот на Советот за национална безбедност.

„Се надеваме дека ќе може да постигнеме договор многу, многу наскоро“, истакна Кирби.

Белата куќа одби да ја прецизира колку долго ќе трае паузата на непријателствата, но отаму посочија дека таа ќе биде „продолжена“.

Исмаил Ханије, шефот на политичкото биро на Хамас, рече дека групата добила предлог дискутиран на состанокот во Париз на крајот од минатиот месец.

Тој рече дека добил и покана да го посети Каиро за да разговараат за договорот, без да го прецизира датумот на посетата на египетската престолнина.

На 28 јануари, во Париз се одржа состанок со учество на Израел, САД, Египет и Катар за да се разговара за договор во три фази кој вклучува размена на заложници и прекин на непријателствата во Газа, според палестински и американски извори.

Се проценува дека Хамас има приближно 136 израелски заложници во Газа додека Израел држи најмалку 8.800 Палестинци во своите затвори, според извори од двете страни, иако нема потврда за конечниот број од ниту една страна.

AA
Популарни