Некои од пациентите не беа во можност да се движат, па неколку лекари останаа во болницата Ал Шифа без да се евакуираат / Photo: AA

Нема информации за десет лекари што израелската војска со денови ги држи заробени во Појасот Газа.

На Инстаграм профилот „Храбри срца на палестинските лекари“ дадено е потсетување дека израелските сили насилно ги евакуирале болниците Ал Шифа и Индонезиската во Појасот Газа во период од 18 до 23 ноември.

Се наведува дека израелските сили тие денови на „безбедната маршрута“ кон југот на Појасот Газа ги задржале лекарите што работеле во болницата Ал Шифа и во Индонезиската болница.

На профилот на Инстаграм се објавени имињата на лекарите за кои нема никакви информации.

На социјалната мрежа Х и Палестинската опсерваторија за здравствени работници потврди дека израелската војска заробила 10 лекари на „безбедната маршрута“ кон југот на блокираниот Појас Газа.

Утрото на 15 ноември израелската војска изврши рација во болницата Ал Шифа, најголема здравствена установа во регионот, во кој беа засолнети илјадници пациенти и раселени лица.

Израелската војска побара од оние што се наоѓаат во болницата Ал Шифа да ја евакуираат зградата, но бидејќи некои од повредените и пациентите не беа во можност да се движат, некои лекари и здравствени работници останаа во болницата.

Ашраф ал Кудра, портпарол на Министерството за здравство на Палестина, на 25 ноември информираше дека Индонезиската болница е целосно евакуирана.

AA
Популарни