Како премиер на Израел, ќе ги одбијам сите овие притисоци и ќе влеземе во Рафах, рече Нетанјаху / Photo: AA

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека и покрај меѓународниот притисок ќе се започне со копнен напад врз Рафах.

Во Рафах засолниште најдоа голем број Палестинци од различни делови на Појасот Газа.

Нетанјаху рече дека има меѓународен притисок врз нив да не извршат копнен напад врз Рафах, но дека тие сепак ќе влезат во овој град на подрачјето на палестинската енклава.

Според писмената изјава на Канцеларијата за медиуми на израелскиот премиер, Нетанјаху дал оцена за нападите врз Газа при посетата на една воена единица.

„Додека израелската војска се подготвува да продолжи со борбите во Рафах, ние се соочуваме со меѓународен притисок што нѐ спречува да влеземе во тоа подрачје и да ја завршиме работата. Како премиер на Израел, ќе ги одбијам сите овие притисоци и ќе влеземе во Рафах“, рече Нетанјаху.

Израелската администрација веќе подолго време говори дека ќе започне копнен напад врз Рафа, каде што се засолнети околу 1,5 милиони Палестинци.

Меѓународната заедница го повикува Израел да не го преземе овој чекор, наведувајќи дека копнениот напад врз Рафа ќе има сериозни последици.

AA
Популарни