Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја отфрли изјавата на американската администрација дека „90 % од договорот за прекин на огнот во Газа е завршен“ и додаде дека не се близу до договор за прекин на огнот, пренесува Анадолу.
Во интервјуто за американскиот канал Фокс њуз израелскиот премиер Нетанјаху ја оцени актуелната ситуација во врска со можниот прекин на огнот во Газа и ставот на Тел Авив кон овој процес.
На прашањето: „Дали сметате дека е точна изјавата на администрацијата на Бајден дека 90 % од договорот за прекин на огнот во Газа е завршен?“, Нетанјаху отсечно одговори „Не, тоа не е вистина.“
Истакнувајќи дека Хамас рекол „не“ за договорот што го објави американскиот претседател Џо Бајден што беше на дневен ред во јули, Нетанјаху тврдеше дека единствено барање на Хамас е „израелските војници да ја напуштат Газа“.
Тој изјави дека е погрешно сè уште да се очекуваат отстапки од Израел по смртта на шестмина израелски заробеници минатиот викенд, Нетанјаху упати порака до американската администрација, без да именува никого, „во наше име притиснете го Хамас да направи отстапки“.
Нагласувајќи дека ќе го контролираат Филаделфискиот коридор, Нетанјаху рече дека тоа го прават со цел „да го спречат Хамас повторно да се вооружи во Газа“ и „да го спречат префрлувањето на заробениците во Египет“.
Израелскиот премиер рече дека разговарал со својот кабинет во Тел Авив за ова прашање и дека сите искажале мислење да не се напушти коридорот, тврдејќи дека израелската јавност стои зад него по ова прашање и повтори дека нема да го напуштат коридор.
Подвлекувајќи дека во моментов не се близу до договор за прекин на огнот, Нетанјаху рече дека Хамас е одговорен за целата оваа ситуација.
Запрашан за коментарот на американскиот претседател Бајден, „Нетанјаху треба да вложи повеќе напори за прекин на огнот“, Нетанјаху одговори: „Не знам што сакаше да каже претседателот.“
Висок функционер од американската администрација на телеконференцијата што ја одржа претходно, рече дека 90 % од договорот за прекин на огнот во Газа е суштински завршен и дека преговорите за „размена на затвореници и заробеници“ и за „Филаделфискиот коридор“ продолжуваат меѓу засегнатите страни.