Нетанјаху ја даде оваа изјава по вчерашниот состанок одржан во Акаба, Јордан, на кои учествуваа претставници на Палестина, Израел, Јордан, САД и Египет.       Фото: Ројтерс

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека нема да има промена во планот за изградба на еврејските населби во окупираниот Западен Брег.

Нетанјаху ја даде оваа изјава по вчерашниот состанок одржан во Акаба, Јордан, на кои учествуваа претставници на Палестина, Израел, Јордан, САД и Египет.

Израелскиот премиер ги демантираше информациите на израелските медиуми дека Израел по состанокот одлучил да ја замрзне изградбата на нови населби на Западниот Брег на четири месеци.

„Изградбата и уредувањето во Јудеја и Самарија [еврејското име за Западниот Брег] ќе продолжи според првичните планови и распоред без никакви промени. Нема да има никакво замрзнување“, напиша Нетанјаху на Твитер.

Безбедносен состанок во Акаба

Јорданското Министерство за надворешни работи ја објави завршната изјава од безбедносната средба во Акаба, во која се вели: „Владата на Израел и Палестинската национална управа ја потврдија заедничката подготвеност и посветеност веднаш да работат на ставање крај на едностраните мерки во период од 3-6 месеци“.

„Ова ја вклучува и израелската заложба да ја прекине дискусијата за какви било нови населби на 4 месеци и да го запре овластувањето за какви било пунктови за 6 месеци“, се додава.

Состанокот во градот Акаба го свикаа САД, Египет и Јордан за да се разговара за деескалација на тензиите меѓу палестинските и израелските претставници.

Состанокот во Акаба беше прв од ваков вид откако мировните преговори меѓу делегациите со посредство на САД пропаднаа во 2014 година поради одбивањето на Израел да ја запре изградбата на населбите и да ги ослободи Палестинците затворени пред 1993 година.

Состанокот се случи во услови на тензии низ окупираните територии по нападите на Израелската војска во палестинските градови.

Најмалку 62 Палестинци загинаа во оган на Израелската армија на Западниот Брег од почетокот на оваа година, покажуваат палестинските податоци.

AA
Популарни