Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху посочи дека може да има потенцијален договор со Хамас за ослободување на заложниците што се држат во Појасот Газа, јавува Анадолу.
„Мислам дека колку помалку зборувам за тоа, толку повеќе ќе ги зголемам шансите да се оствари“, изјави Нетанјаху за американската мрежа „Ен-би-си њуз“.
Во одговорот на прашањето дали знае каде се наоѓаат сите заложници во моментов, Нетанјаху рече: „Знаеме многу, но нема да одам подалеку од тоа.“
Израелскиот премиер додаде дека секој договор ќе биде „резултат на притисок, воен притисок“.
„Тоа е единственото нешто што може да создаде договор и доколку договорот е достапен. Па, ќе разговараме за тоа кога ќе биде достапен. Ќе го објавиме доколку е остварлив“, додаде Нетанјаху.
Понатаму, разговарајќи за идното владеење на Појасот Газа по конфликтот, Нетанјаху посочи дека можеби е неопходна промена на власта.
Сепак, тој не прецизираше каква форма може да има оваа нова влада, додавајќи дека САД ќе се спротивстават на израелската окупација на Газа.