Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ наложи на разузнавачката агенција Мосад да ги пронајде лидерите на Хамас каде и да се, јавува Анадолу.
Одговарајќи на прашањето дали највисоките лидери на Хамас, вклучувајќи ги Исмаил Ханије и Калед Машал, ќе можат да ја контролираат Газа по војната, Нетанјаху вчера на прес-конференцијата во Тел Авив изјави дека ѝ наложил на Мосад да дејствува против лидерите на Хамас, каде и да се.
На прашањето дали претстојната хуманитарна пауза ќе вклучи израелска воена акција против Хамас во странство, Нетанјаху рече дека „нема такви обврски“.
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант на прес-конференција ги упати истите закани кон лидерите на Хамас, велејќи дека „сите лидери на Хамас се живи мртовци“.
„Борбата е низ светот“, рече Галант, укажувајќи на тоа дека разузнавачките агенции ќе работат против лидерите на Хамас низ светот.
Хамас сѐ уште не се огласи во врска со изјавите на израелските власти.