Ставот на Израел да го уништи Хамас, Нетанјаху му го пренел на американскиот државен секретар Ентони Блинкен / Photo: AA

Војната во Газа ќе продолжи се додека Израел не ги ослободи сите свои жалозници, не го победи Хамас и не гарантира дека во иднина никогаш повеќе нема да има слична закана од Газа, порача израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по денешната средба во Ерусалим со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Средбата Нетанјаху – Блинкен се одржа неколку часа откако Хамас презеде одговорност за денешниот напад во Ерусалим, при што загинаа тројца Израелци.

“Ова е истиот Хамас. Тоа е истиот Хамас што го изврши ужасниот масакр на 7 октомври, истиот Хамас што се обидува да не убие насекаде. Ништо нема да не спречи”, му рекол Нетанјаху на Блинкен.

Блинкен, како што соопшти Стејт департментот, упати апел Израел да ги преземе сите мерки за заштита на цивилите во јужниот дел на Појасот Газа.

“Блинкен го истакна императивот да се земат предвид потребите за хуманитарна и цивилна заштита во јужниот дел на Газа пред какви било воени операции таму”, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

TRT Balkan / агенции
Популарни