Во нападот врз бегалскиот камп во Рафах се убиени најмалку 40 Палестинци / Photo: AA

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот изјави дека воздушниот напад во областа Рафах во јужна Газа, во кој загинаа десетици Палестинци, немало намера да предизвика цивилни жртви и дека ќе биде истражен.

„Во Рафах веќе евакуиравме околу милион жители кои не се борци и покрај нашите напори да не повредиме цивили, нешто за жал тргна наопаку“, рече тој во својот говор во парламентот, кој беше прекинат со извици од претставници на опозицијата.

„Го истражуваме инцидентот и ќе дојдеме до заклучоци бидејќи тоа е нашата политика“, рече Нетанјаху.

САД го повикаа Израел да ги преземе сите мерки на претпазливост за да ги заштити цивилите по „уништувачките слики“ од воениот напад во Рафах.

„Израел има право да го нападне Хамас, а колку што разбравме, во овој напад беа убиени двајца високи терористи на Хамас кои се одговорни за нападите врз израелските цивили“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност.

„Но, како што јасно кажавме, Израел мора да ги преземе сите можни мерки на претпазливост за да ги заштити цивилите“.

Според информациите што ги објави палестинската новинска агенција ВАФА, во израелскиот напад врз бегалскиот камп во Рафаh, и покрај одлуката на МСП, убиени се најмалку 40 Палестинци.

Како што објави ВАФА, израелските сили бомбардирале подрачја во кои биле поставени шатори на палестинските бегалци, во западниот дел на Рафа, недалеку од магацинот на Агенцијата на Обединетите нации за палестинските бегалци (УНРВА).

TRT Balkan / агенции
Популарни