Од 2016 година, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница во северна Сирија / Photo: AA

Турското Министерство за одбрана соопшти дека 26 терористи се неутрализирани како одговор на нападот на терористичката организација ПКК/ЈПГ врз базата Дабик во северна Сирија, во зоната на операцијата „Штитот на Еуфрат“.

Министерството соопшти дека синоќа терористи го нападнале подрачјето на базата Дабик во зоната на операција „Штитот на Еуфрат“.

Соопштено е дека турските војници силно одговориле на терористичкиот напад, како и дека 26 терористи на ПКК/ЈПГ биле неутрализирани во возвратен оган врз терористички цели во регионот.

ПКК е курдска сепаратистичка и терористичка организација која се наоѓа на списокот на терористички групи во Туркије, Европската Унија и Соединетите Американски Држави.

За време на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.

ЈПГ е огранок на терористичката организација ПКК што дејствува во Сирија.

Од 2016 година, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница во северна Сирија за да спречи формирање на терористички коридор- „Штитот на Еуфрат (2016), „Маслиново гранче“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).

AA
Популарни