Нови снимки од терористката на денот на бомбашкиот напад во Истанбул / Photo: AA

Објавени се нови видеоснимки од терористката Ахлам Албасхир, која го изврши терористичкиот напад во Истанбул, на кои се гледа како таа излегува од автомобилот и потоа влегува во продавница.

Во тек е истрагата на Обвинителството во Истанбул за терористичкиот напад на ПКК на 13 ноември, во кој загинаа 6 лица, а 81 беа повредени.

Како дел од истрагата, пронајдени се снимки од безбедносните камери на кои се гледа како Албасхир излегува од автомобил на Плоштадот „Таксим“ во Истанбул на денот на нападот, а потоа влегува во продавница и купува.

На снимката јасно се гледа како Албасхир излегува од автомобилот, а во раката носи мала торба. Откако се оддалечува од автомобилот, од задното седиште на предното, каде што седела Албасхир, преминува машко лице, а тоа е Билал Хасан, кој потоа се упатил кон Едрене и на кого му се губи секаква трага.

Безбедносните камери ги снимиле и моментите кога Албасхир излегува од автомобилот и влегува во продавницата.

AA
Популарни