Новиот кабинет на Туркије положи заклетва и стапи на функција / Photo: AA

Полагајќи заклетва во Парламентот, денес на функција стапија првиот потпретседател на Туркије, Џевдет Јилмаз, и 17 новоименувани државни министри, известува Анадолу.

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, во саботата, 3 јуни, по инаугурацијата го објави составот на новиот кабинет на Туркије.

Големото народно собрание на Република Туркије денес одржа свечена седница на која членовите на кабинетот положија заклетва и стапија на функција.

Со седницата претседаваше привремениот претседател на Парламентот, Девлет Бахчели, а потоа заклетва положија потпретседателот на Туркије, Џевдет Јилмаз, и сите 17 министри на новиот кабинет.

Заклетва положија: министерот за правда Јилмаз Тунч, министерката за семејство и социјални услуги Махинур Оздеир Ѓокташ, министерот за труд и социјална безбедност Ведат Ишикхан, министерот за животна околина, урбанизација и климатски промени Мехмет Озхасеки, министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, министерот за младина и спорт Осман Ашик Бак, министерот за трезор и финансии Мехмет Шимшек, министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој, министерот за национално образование Јусуф Текин, министерот за национална одбрана Јашар Ѓулер, министерот за здравство Фахретин Коџа, министерот за индустрија и технологија Мехмет Фатих Каџир, министерот за земјоделие и шумарство Ибрахим Јумакли, министерот за трговија Омер Болат и министерот за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу.

Бахчели потоа даде пауза од 20 минути, а во продолжението на седницата на Големото народно собрание на Туркије ќе биде избрано и новото раководство на оваа највисока турска законодавна институција.

TRT Balkan / агенции
Популарни