Ново масовно убиство во Калифорнија: Убиени најмалку седум лица

Ново масовно убиство во Калифорнија: Убиени најмалку седум лица

Приведен е еден осомничен на возраст од 67 години, соопшти шерифот на округот Сан Матео
Приведен е еден осомничен на возраст од 67 години, соопшти шерифот на округот Сан Матео     Фото: Ројтерс

Најмалку 7 лица се убиени вчера во округот Сан Матео во американската сојузна држава Калифорнија, што е втор по ред вооружен напад со смртни последици во оваа држава во рок од три дена.

Истрели од огнено оружје се пријавени на две различни локации, при што четири лица се убиени на фарма, а уште тројца убиени се пронајдени на друго подрачје.

„67-годишен маж по име Зао Чунли е идентификуван како осомничен и е приведен“, објави канцаларијата на шерифот на округот Сан Матео.

Осомничениот е пронајден во неговиот автомобил на паркинг, а во возилото имало и оружје.

Најновиот вооружен напад следи по убиството на 11 лица во саботата во студиото за танци во градот Монтереј Парк за време на прославата на лунарната Нова година.

TRT Balkan / агенции
Популарни