Новогодишна порака на Ердоган: Запрете го убивањето во Газа / Photo: AA

Претседателот на Туркије, Рејџеп Таип Ердоган, во новогодишната порака ја повика светската заедница да стави крај на убивањето на беспомошните жени и деца во Газа.

Во новогодишната порака турскиот претседател Ердоган се осврна на целите на неговата земја, како и на глобалните случувања кои ја одбележаа 2023 година.

Ердоган подвлече дека мора да се видат искрени напори за запирање на судирите во светот.

„Мораме да видиме искрени напори за запирање на судирите кои на луѓето им создаваат болка и ги трошат ресурсите на нациите, почнувајќи од руско-украинската војна“, рече Ердоган и додаде: „Мораме да видиме дека сите земји, институции, заземаат единствен став против убивањето на недолжни деца и жени во Газа“.

Претседателот на Туркије додаде дека има надеж за подобра иднина на човештвото.

„Таканаречените демократски земји кои ја сакаат слободата мораат да престанат да ги поддржуваат крвавите терористи за тоа да се случи“, рече Ердоган.

Потоа зборуваше и за проблемите со кои се соочува неговата земја.

„Основа на причината на проблемите со кои се соочуваме, од борбата против тероризмот до економските стапици, е да се спречи изградбата на голема и моќна Туркије“, рече Ердоган.

Турскиот претседател нагласи дека во време кога глобалната криза продолжува да се зголемува, уште повеќе ќе ја издигнат ѕвездата на Туркије, која произведува, вработува, расте и се развива.

„Нашите цели за 2023 година беа само почеток. Со „Столетието на Туркије“ го започнуваме нашиот вистински пробив во 2024 година“, порача претседателот Ердоган.

AA
Популарни