Џо Бајден: САД нема да ѝ дадат авиони Ф-16 на Украина / Photo: Reuters

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, истакна дека на Украина нема да ѝ достават воени авиони од типот Ф-16.

На новинарското прашање „Дали САД ќе ѝ дадат авиони Ф-16 на Украина?“, Бајден одговори не.

Тој беше прашан и дали ќе реализира посета на Европа на годишнината од почетокот на Руско-украинската војна, за што Бајден рече дека не е сигурен дали тоа ќе се случи.

Меѓу другото, американскиот претседател рече дека ќе ја посети Полска, но дека сè уште точно не се знае кога ќе се реализира оваа посета.

Инаку, пред извесно време беа изнесени тврдењата дека Бајден на 24 февруари, на годишнината од почетокот на Руско-украинската војна, ќе ја посети Украина.

Портпаролката на Белата Куќа, Карин Жан-Пјер, рече дека Бајден сè уште нема планирано посета по повод годишнината од почетокот на војната.

TRT Balkan / агенции
Популарни