Израелските тенкови влегле длабоко во источниот дел на Појасот Газа и стигнаа до главниот автопат во градот Газа во понеделникот, изјавија очевидци за Анадолу.
„Неколку израелски тенкови и булдожер се префрлија во источна Газа и стигнаа до раскрсницата Нецарим и улицата Салах ал-Дин во градот Газа“, рече сведок.
Израелската армија во петокот ги прошири своите воздушни и копнени напади врз Појасот Газа, кој е под немилосрдни воздушни напади од ненадејната офанзива на Хамас на 7. октомври.
Речиси 9.500 луѓе се убиени во конфликтот, меѓу кои 8.005 Палестинци, главно деца и жени, и повеќе од 1.538 Израелци.
AA