Палестинското Министерство за образование соопшти дека од 7 октомври, кога почнаа израелските напади врз Појасот Газа и Западниот Брег, загинале 6.050 палестински ученици, а 10.219 се повредени.
Во Појасот Газа загинаа 5.994 ученици, на Западниот Брег 56, додека во Појасот Газа се повредени 9.890 ученици и 329 на Западниот Брег.
Во соопштението се наведува дека израелските војници во истиот период привеле 105 ученици на Западниот Брег.
Исто така, во истиот период во Појасот Газа загинаа 266 просветни работници, а повредени се 973. На Западниот брег шест просветни работници се повредени, а 73 се приведени.
Во соопштението се наведува дека израелската армија бомбардирала 351 училиште во Појасот Газа, од кои 286 државни, а 65 се поврзани со Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), од кои 40 се целосно уништени.
Во истиот период, израелските војници нападнаа и оштетија 57 училишта на Западниот Брег.