Од болниците во Истанбул отпуштени 4.787 повредени во земјотресите / Photo: AA

Од болниците во Истанбул досега се отпуштени 4.787 лица кои се донесени од подрачјата погодени со земјотрес во Туркије. Во Истанбул се донесени 6.125 лица, а на лекување се уште 1.338.

Граѓаните повредени во земјотресите на југот на Туркије и понатаму се донесуваат во Истанбул со авиони на Вооружените сили на Туркије и брзата помош на Министерството за здравство.

Повредените од аеродромот се превезуваат со возила на брзата помош во државни, приватни и универзитетските болници во градот.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтер на 6 февруари ги погодија јужните делови на Туркије со епицентар во Кахриманмараш, а бројни спасувачки екипи и понатаму посветено работат на акциите на пребарување и спасување луѓе заробени во урнатините на зградите.

Според најновите информации, во земјотресите во Туркије загинаа 31.974 лица, а повеќе од 80.000 се повредени.

Земјотресите исто така погодија и неколку други држави и предизвикаа големи разорувања на северот на Сирија каде бројот на загинатите надмина 3.600.

TRT Balkan / агенции
Популарни