Посочувајќи дека продолжувањето на договорот е важно за пазарот, Грифитс изрази голем оптимизам дека договорот ќе биде продолжен.      Фото: Ројтерс

Помошникот генерален секретар на Обединетите нации за хуманитарни прашања и координатор за вонредни состојби Мартин Грифитс изрази оптимизам во врска со обновувањето на договорот за испорака на жито од Украина.

На прес-конференцијата Грифитс потсети дека договорот за коридорот за извоз на жито потпишан во јули со посредство на Туркије и ОН за да се обезбеди испорака на жито од Украина истекува во ноември. Тој нагласи дека бараат што поскоро обновување на договорот.

Посочувајќи дека продолжувањето на договорот е важно за пазарот, Грифитс изрази голем оптимизам дека договорот ќе биде продолжен.

Туркије, Обединетите нации, Русија и Украина во јули постигнаа договор за извоз на жито од украинските пристаништа на Црното Море, кои запреа поради руско-украинската војна што започна во февруари. Страните преговараат за можно продолжување на договорот, кој истекува на 19 ноември, со руско жито и ѓубриво.

Во Истанбул беше формиран Заеднички координативен центар, составен од експерти од трите страни, кој го надгледува спроведувањето на договорот.

Од 1 август, 365 бродови со повеќе од осум милиони тони производи испловија од Украина.

AA
Популарни