Министерот за национална одбрана на Туркије, Хулуси Акар, и министерот за инфраструктура на Украина, Олександер Кубраков, го посетија Заедничкиот координативен центар во Истанбул, кој ја продолжува својата работа.     Фото: АА

Од потпишувањето на Истанбулскиот договор за извоз на жито од Украина, со вкупно 345 бродови извезени се 7,7 милиони тони жито од украинските пристаништа.

Министерот за национална одбрана на Туркије, Хулуси Акар, и министерот за инфраструктура на Украина, Олександер Кубраков, го посетија Заедничкиот координативен центар во Истанбул, кој ја продолжува својата работа.

За новинарите по посетата, Акар потсети дека пред три месеци е потпишан договор за извоз на украинско жито, во чии рамки во Истанбул беше формиран Заедничкиот координативен центар.

„Во текот на овој тримесечен период, со вкупно 345 бродови извезени се 7,7 милиони тони жито од украинските пристаништа. Ова е задоволителен резултат“, рече Акар, заблагодарувајќи им се на сите кои придонеле за тој резултат.

Украинскиот министер Кубраков им се заблагодари на претседателот Ердоган и министерот за одбрана Акар за нивниот придонес во создавањето на коридорот за жито.

„Со успехот на споменатата иницијатива за жито, количината на испорачаното жито се приближи до осум милиони тони. Веруваме дека оваа иницијатива треба да продолжи“, порача Кубраков.

AA
Популарни