Од урнатините извлечено палестинско бебе кое преживеа израелски напад / Photo: AA

Израелските напади врз Газа континуирано траат повеќе од три месеци.

Палестинско бебе кое преживеа напад на зграда во близина на медицинскиот комплекс Шифа во северниот дел на Газа е спасено од под урнатините.

Од 7 октомври минатата година, во израелските напади врз Појасот Газа загинати се 24.620 Палестинци, а 61.830 се повредени.

Под урнатините има мртви луѓе, но медицинските екипи и припадниците на цивилната заштита не можат да дојдат до телата.

Во засолништата за раселени Палестинци во Газа поради лошите хигиенски услови и премногу луѓе на едно место регистрирани се над 8.000 случаи на хепатитис А.

AA
Популарни