Израел вели дека Хамас сè уште држи 132 заложници, од кои 19 се претпоставува дека се мртви / Photo: AA

Израелската агенција за социјално осигурување состави список со имиња на 1.139 убиени за време на нападот на Хамас на 7 октомври. Бројот ги вклучува и Израелците убиени од нивните војници.

Новите израелски податоци се во спротивност со тврдењата на Тел Авив за наводното убиство на „40 бебиња“ од страна на Хамас во кибуц за време на упадот на палестинската група на отпорот на израелска територија на 7 октомври.

Јавно достапните податоци ги компилираше новинската агенција АФП од израелската агенција за социјално осигурување.

Конечниот биланс на загинати од нападот сега изнесува 695 израелски цивили, меѓу кои 36 деца, како и 373 безбедносни сили и 71 странец, што дава вкупно 1.139.

Ова исклучува пет лица, меѓу кои четворица Израелци, кои се уште се водат како исчезнати според кабинетот на премиерот.

Конкретно, тврдењето направено на 10 октомври на официјалниот профил на израелската држава на Х зборуваше за „40 убиени бебиња“ во кибуцот Кфар Аза, врз основа на извештајот на каналот i24NEWS.

На прашањето од АФП следниот ден, израелското Министерство за надворешни работи, кое го води профилот на Х, одговори дека не може да „потврди ниту еден број во оваа фаза“.

Според израелската агенција за социјално осигурување, 46 цивили биле убиени во Кфар Аза, од кои најмладиот имал 14 години.

Друго сведоштво кое беше доведено во прашање е она на полковникот Голан Вач, шеф на армиската единица за пребарување и спасување, кој на 27 октомври на група новинари изјави дека „лично“ превезол „обезглавено бебе“ пронајдено во рацете на неговата мајка во кибуцот Бери.

Според податоците, во Бери е убиено едно бебе: 10-месечната Мила Коен, чија мајка преживеала.

Портпаролите на армијата не одговорија на прашањата на АФП.

Надуени бројки

На 14 октомври, израелските власти објавија прелиминарен биланс на повеќе од 1.400 луѓе убиени за време на прекуграничниот напад на Хамас.

На 10 ноември, Министерството за надворешни работи објави „ажурирана проценка“, велејќи дека бројот на загинати е околу 1.200 луѓе, без дополнителни детали.

Податоците на израелската агенција за социјално осигурување не прават разлика меѓу убиените во нападот на Хамас и цивилите убиени од израелските сили во борбите за повторно преземање контрола врз јужен Израел, операција во која армијата користела гранати и ракети врз населени области, според собраните сведоштва од АФП и израелските медиуми.

Според израелските власти, околу 250 заложници биле однесени во Газа во нападот.

Оттогаш, 110 се ослободени, повеќето за време на еднонеделното примирје во ноември, а вратени се осум тела на заложници.

Израел вели дека Хамас сè уште држи 132 заложници, од кои 19 се претпоставува дека се мртви.

Во израелската воздушна и копнена офанзива загинаа повеќе од 18.700 луѓе, главно жени и деца, според податоците на палестинското Министерство за здравство во Газа, и остави голем дел од територијата во урнатини.

TRT World
Популарни