ОИС со апел до меѓународната заедница: Запрете го Израел / Photo: AA Archive

По убиството на тројца Палестинци од страна на израелските сили за време на рацијата во градот Наблус, што се наоѓа во окупираниот Западен Брег, Организацијата за исламска соработка (ОИС) упати апел до меѓународната заедница да интервенира за овој случај.

Во писменото соопштение на ОИС остро се осудува убиството на тројца Палестинци во Наблус од страна на израелските сили.

Во ова соопштение се нагласува дека злосторството на Израел кон палестинскиот народ е отворено прекршување на меѓународното право.

Според соопштението, израелската Влада е целосно одговорна за последиците од зголемувањето на тензиите.

Во соопштението на ОИС се бара од меѓународната заедница да интервенира за да се запрат прекршувањата на Израел.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека тројца Палестинци загинаа, а 6 лица се повредени, од кои еден е тешко повреден, за време на рацијата на израелските сили во бегалскиот камп Балата во источниот дел на Наблус, што се наоѓа во окупираниот Западен Брег.

AA
Популарни