Израелската армија официјално соопшти дека досега се убиени 392 војници / Photo: AA

Околу 1.000 израелски војници и офицери се повредени од почетокот на војната во Газа на 7 октомври, објавија во вторникот израелските медиуми.

Според „Харец дејли“, кој ја доби оваа бројка од израелски воен извор, бројката вклучува 202 случаи во критична состојба, 320 во умерена состојба и околу 470 кои биле полесно повредени.

Харец додаде дека 29 од критично повредените војници сè уште добиваат медицинска помош во болниците, покрај 183 кои биле умерено ранети и 74 полесно повредени.

Ова се првите податоци на израелската армија за повредени војници.

Израелската армија официјално соопшти дека билансот на загинатите од 7 октомври е 392, но без да прецизира како и каде биле убиени.

Катар доцна во понеделникот објави договор за продолжување на четиридневната хуманитарна пауза во конфликтот за дополнителни два дена, според кои ќе се врши понатамошна размена на затвореници.

Израел започна масовна воена кампања во Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Оттогаш уби над 15.000 луѓе, вклучувајќи 6.150 деца и 4.000 жени, според здравствените власти во енклавата.

Официјалниот израелски број на загинати изнесува 1.200.


AA
Популарни