Се проценува дека околу 250 милиони луѓе во светот имаат хепатитис Б, а 70 милиони имаат хепатитис Ц, тврди претседателот на Турската асоцијација за истражување на црниот дроб, проф. д-р. Зеки Карас.
Хепатитис е воспаление на црниот дроб од која било причина. Хепатитисот обично е предизвикан од вирус, особено еден од петте вируси на хепатитис - А, Б, Ц, Д или Е.
Здружението за вирусен хепатитис и Турското здружение за истражување на црниот дроб одржаа прес-конференција по повод „28 јули Светскиот ден на хепатитисот“.
Карасу рече дека вирусниот хепатитис е еден од важните здравствени проблеми во светот и во земјата.
Тој изјави дека овие вируси погодуваат многу луѓе ширум светот и предизвикуваат сериозни здравствени проблеми.
„Кај нас застапеноста на хепатитис Б е околу четири проценти. За хепатитис Ц оваа бројка се движи од 0,5 до еден процент. Приближно пет проценти од нашите луѓе се заразени со хепатитис“, рече Карасу.
Истакнувајќи ја важноста од заштитата од контаминација, Карасу предупреди дека е хеопходна стерилизација на места каде што исти работи ги користат повеќе луѓе, како што се фризерски салони, и салони за тетовирање.
„Иако некои луѓе може да искусат симптоми како што се жолтица, слабост и замор, сепак, има и такви кои можеби немаат симптоми. Вирусниот хепатитис може да биде многу тивок и подмолен. Ова им отежнува на луѓето да го препознаат“, рече Карасу.