Израелската војска од 7 октомври фрлила околу 30.000 тони експлозив врз Газа / Photo: AA

Властите во Газа денес соопштија дека 70 отсто од жителите на Газа се принудно раселени од нивните домови поради тековните израелски напади, јавува Анадолу.

Според последните податоци, населението во Газа се проценува на 2,3 милиони.

Во соопштението, владината Канцеларија за медиуми со седиште во Газа истакнува: „Педесет отсто од станбените единици низ Газа се оштетени од (израелските) напади, а 10 отсто од станбените единици се или целосно уништени или се непогодни за живеење.“

Се наведува и дека половина од болниците и 62 отсто од здравствените центри во Газа не се во функција.

Во соопштението се истакнува дека израелската војска од 7 октомври фрлила околу 30.000 тони експлозив врз Газа.

Израел започна воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Најмалку 10.022 Палестинци, од кои 4.104 деца и 2.641 жени, загинаа во израелските бомбардирања врз Појасот Газа. Според официјалните податоци, бројот на загинати во Израел е речиси 1.600.

AA
Популарни