Од почетокот на јануари дозволена е само една од 19 пратки со помош за снабдување со гориво и материјали за водните постројки во Северна Газа / Photo: AA

Канцеларијата на Обединетите Нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA) објави дека Израел, кој ја спречува испораката на хуманитарна помош за Појасот Газа, не дозволува испорака на лекови и на гориво што е потребно за испумпување вода во северниот дел на Газа.

Израелските власти ги спречија испораките на лекови и на гориво што е потребно за функционирање на системите за чиста вода и отпадни води да влезат во Газа, се наведува во соопштението на OCHA.

„Недостигот на гориво за вода, депонирањето отпад и хигиената го зголемија ризикот од здравствена и еколошка опасност, а недостигот на лекови ја ослабна функционалноста на шесте болници што се делумно функционални“, се истакнува од ОН.

Од почетокот на јануари дозволена е само една од 19 пратки со помош за снабдување со гориво и материјали за водните постројки во Северна Газа.

Во Појасот Газа, каде што хуманитарната помош е блокирана од израелските сили, има недостиг на основни средства за живот, како и на лекови и медицински материјали, поради што има големи тешкотии во лекувањето на ранетите.

Во извештаите се наведува дека под урнатините има илјадници загинати, цивилната инфраструктура се уништува со таргетирање на болниците и образовните установи во кои се засолнуваат луѓето.

Во извештајот објавен од Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања на 12 јануари е наведено дека само три од вкупно 21 пратка хуманитарна помош планирани за северниот дел на Појасот Газа биле дозволени во првите 10 дена од оваа година.

Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), исто така, соопшти дека ситуацијата во Газа е влошена до невидено ниво и ја повика меѓународната заедница на итен хуманитарен прекин на огнот.

AA
Популарни